Останато

Марко Алексовски шампион на турнирот во тенис до 16 години во Солун

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја оправда улогата на прв носител и триумфираше на турнирот во Солун за играчи до 16 години од категорија 3. Во финалниот меч тој го совлада Игор Периќ од Србија со 2:0 во сетови (6:4, 7:5).

Алексовски на патот до титулата имаше одлични настапи. Во првото коло беше слободен, а најтежок меч одигра во второто коло кога по пресврт го совлада Константинос Антониу од Грција со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:0).

Во следната рунда македонскиот тенисер беше сигурен против Ксавиер Сандерс од САД, славејќи со 2:0 (6:2, 6:2). Во четвртфиналето беше подобар од Џери Кустојоргос од Грција со убедливи 2:0 (6:0, 6:2), додека за пласман во финалето го победи Оливиер Крупа од Полска со 2:0 (6:1, 6:2).

На турнирот во Солун, покрај Алексовски, од македонските тенисери настапија и Александар Грујиќ, кој стигна до четвртфинале во конкуренција на двојки, како и Марин Стефановски и Алексеј Стојановски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!