Останато

ФОТО: Дебитански блесок на Феникс Некст Левел Росоман – 19 медали од Државното кикбокс првенство во Скопје

Сподели
Сподели

Кик-боксерите на Феникс Некст Левел од Росоман имаа историски настап на своето прво учество на Државно првенство, освојувајќи вкупно 19 медали и оставајќи силен впечаток на националната сцена.

Првенството се одржа викендов во спортскиот центар СЦ Јане Сандански во Скопје, а клубот настапи со 15 натпреварувачи кои покажаа високо ниво на подготвеност, дисциплина и борбен дух.

  • Златни медали (10)

Стојне Тодева блесна со две титули во категориите Children Kick Light -27 кг и -30 кг, освојувајќи двојна шампионска круна (double champ).
Христос Виланос триумфираше во Senior Low Kick -51 кг.
Ребека Китанова освои злато во Kick Light -42 кг.
Трајковски Милан беше најдобар во Kick Light -21 кг.
Најдовска Ангела се закити со две злата во категориите -36 кг и +36 кг.
Богданова Јана исто така освои две први места во категориите -21 кг и -24 кг.

  • Сребрени медали (5)

Николов Андреј (Kick Light +36 кг),
Китанова Ребека (Kick Light -37 кг),
Мојсов Александар (Low Kick -54 кг),
Сотирова Константина (Kick Light -24 кг),
Велков Блаже (Kick Light -28 кг).



  • Бронзени медали (4)

Стојкоска Мартина (Kick Light -50 кг),
Стојкоска Павлина (Kick Light -65 кг и +65 кг),
Георгина Танчева (Kick Light -60 кг),
Сотирова Константина (Kick Light -27 кг).

Овој резултат претставува огромен успех за младите спортисти од Општина Росоман, кои на своето деби на државно ниво демонстрираа зрелост и натпреварувачки квалитет. Вкупниот биланс од 19 медали е доказ за сериозната и стручна работа во клубот, како и за посветеноста на тренерскиот тим.

Од локалната самоуправа најавуваат дека поддршката за младите спортисти ќе продолжи и во иднина, со цел создавање уште подобри услови за тренинг и нови успеси на национална и меѓународна сцена.

Дебито на Феникс Некст Левел Росоман ќе остане запаметено како силна најава дека во Росоман расте нова генерација шампиони.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!