Трета лигаФудбал

Рудар нема да допатува – Хоризонт Турново ќе добие службени три бода?

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Рудар од Пробиштип нема да се одигра, иако беше закажан за 1 март, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

Станува збор за средба од последното есенско коло, која претходно беше одложена и требаше да се одигра пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Сепак, гостинскиот тим најавил дека нема да допатува и нема да настапи на натпреварот.

Со тоа, Турново ќе добие службени три бода, додека тимот од Пробиштип се соочува со можни дополнителни санкции и казни поради неодигрување на натпреварот. Останува да се види како Рудар ќе се организира за продолжението од сезоната во Трета македонска фудбалска лига – Исток.

Потсетување дека претходно од натпреварувањето се повлече и Светлост од Зрновци, па лигата наместо со 11, ќе продолжи со десет екипи во пролетниот дел.

Пролетната полусезона во Трета лига – Исток започнува на 8 март со мечевите од 12 коло.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!