Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на Бугарија. Првиот меч е закажан за денес во Струмица на теренот на ТЦ „Пандев“, додека втората пресметка ќе се одигра во сабота, на 28 февруари, во Петрич, Бугарија.
Селекторот Димитар Капинковски за овие пријателски натпревари ќе смета на следните фудбалери:
АП Брера: Александар Трајков, Андреј Димовски, Габриел Талески, Матеј Сејменов, Иван Танчев, Бојан Велков
Вардар: Антони Трајковски, Стефан Стаматовски, Иво Марковски
Пелистер: Давид Ангелевски, Јован Мрмачовски
Шкендија: Цека Назив, Флори Иљази
Кожуф: Лука Варошноски
Новаци: Стефан Секирски
Црвена Звезда (Србија): Павел Марковски
Работнички: Дитмир Хоџа, Лорент Жаку
Струга Трим Љум: Албан Рочи
Силекс: Матеј Герасов
Македонија Ѓ.П.: Дамјан Буцевски
Арсими: Флорет Османи