РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У17 без голови против Грузија во Тбилиси на првиот контролен натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години одигра без голови (0:0) против селекцијата на Грузија на првиот контролен натпревар одигран во Тбилиси.

Избраниците на селекторот Влатко Колев прикажаа дисциплинирана игра и беа блиску до победа во самиот финиш од средбата. Најголемата шанса Македонија ја имаше во 88. минута, кога по удар со глава на Андреј Цветковски, топката беше исфрлена од самата гол-линија од страна на домашните фудбалери, со што резултатот остана непроменет.

Во составот на Македонија настапија: Амин Суљовиќ, Тео Стојчевски, Филип Цветковски, Давид Лиотоски, Марко Мирчевски, Арда Иљазовски, Васко Папалиски, Андреј Цветковски, Мелдин Аломеровиќ, Самуел Вртковски и Грегоријан Михајловски. Шанса за настап добија и Даријан Денковски, Алекса Јазагиќ, Александар Петровски, Лука Јасмин Георгиев, Павел Миронски, Лука Кнезевиќ, Блерон Буши, Павел Рибарски и Ринор Цека.

Двете репрезентации утре ќе го одиграат и вториот контролен натпревар.

Овие средби се дел од подготовките на македонската селекција за настап во Елитната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство. Македонија ќе игра во група со Германија, Франција и Словенија, а турнирот ќе се одигра кон крајот на март. Пласман на завршниот турнир ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи во Естонија, во периодот од 25 мај до 7 јуни.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!