Ракомет

Пешевски: „Не одиме со бело знаме во Данска“

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го продолжува европскиот пат со гостување кај данскиот претставник ГОГ Гудме во 12. коло од Лигата на шампионите. По серијата порази, битолчани се во ситуација во која секој бод има огромна тежина, а дуелот во Данска може да биде пресвртница во борбата за плеј-оф.

Еден од најискусните во ростерот, Жарко Пешевски, потенцира дека секој натпревар во елитата носи нови предизвици и бара специфична подготовка. Според него, ривалот е состав кој постојано напредува, со млади и талентирани ракометари што веќе покажуваат сериозен квалитет на европска сцена.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Воедно, Пешевски се наврати и на првиот меѓусебен дуел во Битола, нагласувајќи дека падот во играта и недостигот на решение за формацијата „седум на шест“ скапо ги чинел. Сепак, искусниот кружен напаѓач верува дека тимот има потенцијал да возврати и покрај тоа што гостувањето ќе биде исклучително тешко.

„Секој нов натпревар во Лигата на шампионите е нова приказна. За секој ривал се подготвуваме посебно, секоја екипа е разлилна. Мислам дека ГОГ Гудме е супер-екипа, со млади дански играчи и супер-талент како Митун, кој се очекува да биде еден од најдобрите за кратко време. После секој европски натпревар оваа екипа на ГОГ Гудме расте. Морам да ги пофалам, затоа што покажуваат одлични игри, нè победија тука во Битола, иако имавме одлично отворање. Водевме со +5, па имавме пад и со многу технички грешки и без одговор за нивната игра „седум на шест“ загубивме. Не одиме со „бело знаме“ во Данска, респект за нив, но имаме свои шанси и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна“, изјави Пешевски.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Пелистерци, досега освоија четири бода, сите на домашен терен, додека на гостувањата сè уште чекаат на прв позитивен резултат.

Токму данскиот состав го држи последното место што води во плеј-офот, што дополнително му дава тежина на овој дуел. За битолчани, ова е можност да покажат карактер и да ја вратат вербата дека европската приказна сè уште трае.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!