Втора лигаФудбал

Градскиот стадион во Радовиш ќе добие столчиња од ФФМ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Градскиот стадион во Радовиш ќе има подобри услови за следење на натпревари, откако на истиот како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа ќе бидат монтирани 1.000 сини столчиња, како донација од Фудбалската федерација на Македонија.

Условите на Градскиот стадион во Радовиш продолжуваат да се подобруваат, а со монтажата на столчињата гледачите ќе имаат пристојни услови за следење на натпреварите.

Управниот одбор на ФФМ, како што претходно информираше Спортска Мрежа донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата.

ФОТО: Спортска Мрежа



ФОТО: Спортска Мрежа

Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.

ФОТО: Спортска Мрежа

Градскиот стадион во Радовиш претходно доби нови кабините за резервните играчи и за делегатот, а притоа, на овој стадион после повеќе од 30 години се одиграа два натпревари на младинските репрезентации, Македонија до 17 години одигра пријателски меч со Кипар, а пак Македонија до 19 години играше со Босна и Херцеговина.



ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!