Втора лигаФудбал

Крстев: Карактерот и желбата ми влеваат надеж дека можеме да обезбедиме директен опстанок

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Осогово утре на домашен терен го отвора пролетниот дел од сезоната во Втората лига со дербито на Истокот против Каменица Саса. Натпреварот ќе се одигра во Кочани, а „жетварите“ во продолжението од сезоната влегуваат со јасна цел – задржување на осмото место и обезбедување директен опстанок.

Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев зборуваше за подготовките, новите засилувања и пријателските натпревари. Тој посочи дека тимот се соочил со чести повреди во текот на подготовките, но нагласи дека верува во квалитетот и карактерот на своите фудбалери.

„Сум задоволен од новите засилување бидејќи многу брзо се вклопија во тимот и даваат голем допринос, без разлика на тоа што имавме голем пех во подготовките, бидејќи од самиот почеток не следеа повреди скоро после секој натпревар имавме еден до двајца повредени. Подготовките речиси поминаа без пет до шест првотимци, за да на крајот останеме сега со еден повреден, другите се фит залечени и се располагање веќе од утрешниот натпревар. Карактерот на момците желбата за докажување ми влева надеж дека можеме да го повториме темпото играта и резултатите од првиот дел на сезоната. Доколку успееме тоа да го направиме, постои надеж во најмала рака да останеме на истото место – што е цел на клубот, за да успееме да обезбедиме директен опстанок“, вели Крстев.

Искусниот стратег се осврна и на утрешниот предизвик против Каменица Саса, потенцирајќи дека станува збор за традиционално неизвесен дуел.

„Околу утрешниот натпревар со Каменица Саса мислам излишно е да се трошат зборови бидејќи традиционално тие два клуба си имаат натпреварувано во Прва, Втора и Трета лига и секогаш натпреварите биле неизвесни, како во Македонска Каменица, така и во Кочани и никогаш однапред не можеш да го предвидиш резултатот. Јас како тренер верувам во екипата и после многу години мислам дека ред е и ние да ги израдуваме симпатизерите на Осогово со победа на домашен терен и успешно да го отвориме вториот дел со надеж како што реков доколку одиграме на високо ниво за да успееме да ја постигнеме целта да останеме на средината на табелата. Нема да биде лесно свесни сме сите за тоа како на утрешниот натпревар, така и во текот на целата полусезона, но јас со стручниот штаб, фудбалерите и управниот одбор ќе го дадеме нашиот максимум“, вели шефот на стручниот штаб Крсте Крстев.

Осогово презимува на осмото место на табелата во Втората лига, позиција која носи директен опстанок. Во клубот се надеваат дека со добар старт на пролетта и континуитет во резултатите ќе ја исполнат зацртаната цел и ќе обезбедат сигурен статус во второлигашкото друштво.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!