Прва лигаФудбал

Работнички конечно победи: Гол-шоу во Струмица и прв гостински триумф сезонава

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Работнички стави крај на долгата резултатска агонија и во 19. коло од ПМФЛ забележа голема победа на гости кај Брера Струмица со 3-4. За тимот од Дебар Маало ова е само втора победа сезонава, но и прв гостински триумф, со што барем малку се враќа надежта во борбата за опстанок.

Натпреварот започна идеално за скопјани. Новото зимско засилување Џејкоб Езеб уште во 5. минута ја отвори серијата, откако избега зад одбраната и рутински реализираше за водство. Брера одговори во 18. минута преку Миле Тодоров, кој го искористи невниманието во одбраната за 1-1.

Сепак, гостите не се поколебаа. По нешто повеќе од половина час игра, повторно Езеб беше на вистинското место и со својот втор гол донесе нова предност за Работнички (1-2), резултат со кој се замина и на паузата.

Клучниот период се случи веднаш по стартот на второто полувреме. Во 51. минута Сухејљ Мухарем зголеми на 1-3, а само една минута подоцна Никола Манојлов ја искористи збунетоста во домашната одбрана и погоди за високи 1-4. Во тие моменти изгледаше дека прашањето на победникот е решено.

Но, Брера не се предаде. Тодоров со својот втор погодок во 72. минута намали на 2-4 и ја врати неизвесноста. Во финишот имаше тензии и возбудувања, а домаќините преку Велков во судиското продолжение стигнаа до 3-4. Сепак, немаа доволно време за целосен пресврт.

Со овие три бода Работнички стигна до вкупно 10 и останува на претпоследната позиција, но со значајна психолошка инјекција пред продолжението од сезоната. Брера, пак, останува на средината од табелата со шест победи зад своето име.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!