Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов го повлече дресот со број 4 во чест на Катерина Петкова, која направи трансфер во Србија

Сподели
Сподели

ЖФК Истатов 2015 донесе одлука дресот со број 4 трајно да биде повлечен од употреба, во чест на Катерина Петкова – фудбалерката која со години беше еден од заштитните знаци на клубот. Бројот што таа го носеше нема повеќе да биде во функција и ќе остане симбол на нејзиниот придонес во синиот дрес.

Петкова ги направи своите први фудбалски чекори токму во Истатов. Низ годините се изгради во стандарден и посветен член на екипата, прераснувајќи во една од најпрепознатливите фудбалерки на клубот.

Нејзините настапи и развој во матичниот клуб ѝ донесоа и репрезентативен статус, а на 19 години го реализираше и својот прв интернационален трансфер.

“Како знак на благодарност и почит кон сето онаа што Катерина Петкова го даде за клубот, ЖФК Истатов реши дресот со број 4 да го повлече и нема повеќе да биде во функција, туку засекогаш ќе биде дресот со кој нашата Кате го одигра последниот натпревар во него. Легендите го заслужуваат тоа”, истакнаа од ЖФК Истатов.

Кариерата ја продолжува во српскиот шампион Спартак Суботица, што претставува значаен чекор напред во нејзиниот професионален пат.

Со повлекувањето на дресот со број 4, ЖФК Истатов ја заокружува една успешна етапа и оддава трајна почит кон фудбалерката која остави силен печат во клубската историја.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски со Гаштаров од првата минута против Швајцарија

Селекторот Гоце Седлоски го одреди стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар против Швајцарија во рамките на Лигата на нации. На Националната арена...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја совлада Србија, за трофејот во Охрид ќе „одлучува“ Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар од „Трофеј Македонија“ пред завршната пресметка меѓу Македонија и Хрватска. Возбудливиот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!