КупФудбал

Четвртфиналниот меч меѓу Детонит Плачковица и Силекс ќе се игра во Кратово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија меѓу второлигашот Детонит Плачковица и прволигашот Силекс ќе се игра во Кратово, наместо во Радовиш.

Причината поради која овој натпревар се „сели“ од Радовиш во Кратово е поради тоа што Градскиот стадион во Радовиш нема услови за спроведување на ВАР технологија, односно оваа технологија воопшто не е имплементирана.

Според пропозициите за Купот на Македонија, ВАР технологијата се спроведува од четвртфиналето и од таа причина, натпреварот наместо во Радовиш ќе се одигра во Кратово.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија против ФК Детонит Плачковица, кој е закажан за среда (25 февруари) со почеток во 14:00 часот, ќе се одигра на нашиот стадион во Кратово, наместо на „Градскиот стадион“ во Радовиш, како што беше првично планирано. Промената на локацијата е направена поради немање соодветни технички услови на Градскиот стадион во Радовиш“, велат од ФК Силекс.

Натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу Силекс и Детонит Плачковица ќе се одигра на 25 февруари (среда) од 14 часот на стадионот „Силекс“ во Кратово.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!