ИнтернационалциФудбал

Игор Стојчевски главен судија на дербито меѓу Реал Мадрид и Челзи во младинската ЛШ, Изеири и Ицковски помошници!

Сподели
Сподели

Македонските фудбалски судии добија ново големо признание од УЕФА, откако им беше доверено да ја делат правдата на дербито од осминафиналето во рамки на УЕФА Младинска Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и Челзи.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Вјолца Изери и Филип Ицковски. Четврти судија на средбата ќе биде Алваро Родригез Ресио од Шпанија.

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка е закажан за 25 февруари со почеток од 16 часот, а ќе се одигра на стадионот „Естадио Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид.

Ова назначување претставува ново признание за македонските судии од страна на УЕФА. Нашите арбитри повторно добија доверба да судат на европската сцена, овојпат во рамки на младинската Лига на шампиони.

Ангажманот на Стојчевски и неговите асистенти Изеири и Ицковски е уште една потврда за континуитетот и угледот што македонските судии го уживаат во европските фудбалски кругови, како и доказ дека Македонија продолжува да продуцира кадар кој успешно одговара на највисоките европски стандарди.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во Пепелиште, откако се соочија Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино, во...

ФудбалФутсал

ФОТО: Дебитантот КМФ Шутка 1 се подготвува за настап во Втората футсал лига на Македонија

Екипата на Шутка 1 ќе биде дебитантот во Втората футсал лига на Македонија, откако овој клуб пријави учество за настап за првпат во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во...

ФудбалФутсал

ФОТО: Дебитантот КМФ Шутка 1 се подготвува за настап во Втората футсал лига на Македонија

Екипата на Шутка 1 ќе биде дебитантот во Втората футсал лига на...

Младински фудбалФудбал

ФК Марадона и ФК Брегалница со заеднички чекор за развој на младите фудбалери

Успешно започна соработката меѓу ФК Марадона и ФК Брегалница, која има за...

Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!