Останато

Ален Рустемовски и Филип Кузмановски се спортисти на Битола за 2025 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа

Сподели
ФОТО: Општина Битола
Сподели

Битола уште еднаш потврди зошто со право го носи епитетот град на спортот. По 62-ри пат се одржа традиционалната манифестација „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола“, на која беа сумирани резултатите и успесите во 2025 година и беа оддадени признанија на најистакнатите поединци и колективи.

Свеченоста започна со поздравно обраќање на претседателот на Општинскиот сојуз на спортови, Сашко Павловски, а пред присутните се обратија и градоначалникот Тони Коњановски, како и Илија Ристевски во име на Министерството за спорт и млади.

“Дозволете ми на почеток да се заблагодарам на Сојузот на спортови што сум дел од вечерашнава манифестација, на која недвосмислено како Општина потенцирам дека спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа. Течат подготовките на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, изградба на центар за спорт и рекреативни активности, кој е во полн ек. Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали во училишта во Битола, како и спортски училишни игралишта. Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како лекар велам-со спортот се бориме против здравствените проблеми и пороците. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Во рамки на вечерта беа доделени награди за посебни заслуги од образованието, пехари за победниците на 4-то Ноемвриската трка, како и признанија за најуспешните училишта во спортските активности. Пехари и дипломи добија најдобрите млади спортисти, како и петте најуспешни младинци и најдобрата младинска екипа, додека беа врачени и посебни признанија за јубилеи и заслуги.

Во екипна конкуренција, третонаградени беа „Пелистер Волеј“ и пинг-понг клубот „Пелагонија“, второнаграден КК „Пелистер“, а првото место му припадна на РК Еурофарм Пелистер, кој уште еднаш ја потврди својата доминација.

Круна на вечерта беше изборот на десетте најдобри спортисти на Битола. Третонаградена беше Леа Бошевска од Кик бокс „Самурај“, второто место го освои голманот Никола Митревски од РК Еурофарм Пелистер, додека за најдобри спортисти за 2025 година беа прогласени Ален Рустемовски од боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“ и Филип Кузмановски од РК Еурофарм Пелистер.

Наградите ги доделија претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски, потпретседателот Ѓуро Илиќ, членот Игор Михајловски, претставничката од Министерството за спорт и млади Гордана Цветковска-Бошевска, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на комисијата за спорт Мартин Ивановски и членот Александар Цветановски.

Свеченоста имаше и емотивен момент – беше доделена плакета на семејството на Зоран Петковски, како признание за неговиот придонес во спортот.

Со оваа манифестација, Битола уште еднаш испрати јасна порака дека вложувањето во спортот, инфраструктурата и младите таленти останува стратешки приоритет, а резултатите на битолските спортисти се најдобра потврда за тоа.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Црна Гора во вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора, во кој беше поразена со 1:0. Натпреварот...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција, по пауза од 15 години, повторно ќе се одржи во главниот...

Поврзани написи
Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

Останато

Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ – Ристовски: Студентите заслужуваат современи услови за спорт – не руинирани сали

Министерството за спорт започна со комплетна реконструкција и адаптација на спортската сала...

Останато

Радовишанецот Мирко Василев со бронзен медал на Светскиот куп во Италија

Младиот борец Мирко Василев од радовишкиот клуб Мај Тај Адреналин оствари голем...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!