Ракомет

Кичево како домаќин ќе игра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Ракометниот клуб Кичево ќе се „пресели“ во Охрид, каде во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ги игра домашните натпревари, додека се создадат услови клубот да се врати и домашните натпревари да ги игра во својата сала „Христо Узунов“ во Кичево.

Поради обилните врнежи од дожд Кичево беше силно погоден од поплавите, по што спортската сала „Христо Узунов“ беше претворена во пункт каде се сместени погодени семејства од поплавите и истите ќе бидат сместени во салата додека не се создадат нормални услови за да се вратат во своите домови.

Додека салата биде вратена во функција за спортски натпревари, РК Кичево своите домашни натпревари ќе ги игра во охридската сала „Билјанини Извори“.

Одложениот меч меѓу Кичево и Вардар Неготино од 15. коло или првата пролетна рунда е закажан за среда од 20 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

“Голема благодарност до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и на управата на ГРК Охрид што несебично ни излегоа во пресрет за домашните натпревари да ги играме во Биљанини Извори”, велат од РК Кичево.

Со овој натпревар ќе се комплетира првата пролетна рунда во Првата ракометна лига.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!