КупФудбалФутсал

Осогово е последниот четвртфиналист во футсал Купот, откако вечерва лесно го доби Железарец!

Сподели
ФОТО: КМФ Осогово
Сподели

Ланскиот финалист Осогово лесно стигна до четвртфинале во футсал Купот на Македонија откако со 6:2 го доби Железарец во Крива Паланка, а со тоа Осогово е последниот патник во четвртфиналето.

Во првиот дел од мечот резултатот беше 3:0 и веќе беше јасно дека некогашниот шампион на Македонија, екипата на Железарец ќе нема сили за изненадување во вториот дел, па домаќинот само ја потврди победата и ја оправда фаворитската улога.

Никола Спасовски беше двоен стрелец за Осогово, а по еднаш погодија Кристијан Станојковски, Михаил Павловски, Кристијан Ристовски и Кристијан Ивановски.

За екипата на Железарец во вториот дел стрелци на погодоците беа Златко Јошевски и Роберт Илиевски.



Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија се пласираа покрај Осогово, бранителот на Куп титулата Форца, потоа Проект, Балкан, Клими, Бутел, Кеги Моби и Јувентус Серава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!