Кошарка

МЗТ Скопје ја продолжи Куп-доминацијата – го совлада МКК Куманово во финалето за 14. пехар во витрините

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

МЗТ Скопје уште еднаш потврди зошто е водечка сила во македонската кошарка, откако во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ убедливо го совлада домаќинот МКК Куманово со 70-96. Со овој триумф, аеродромци стигнаа до четвртиот куп-трофеј во низа и вкупно 14-ти во клупската историја.

Пред околу 3.500 гледачи во Куманово, неизвесност имаше само во воведните минути, кога резултатот беше израмнет (18-18). Потоа следуваше серија на „сино-белите“ од 14-1 за водство од 19-32, со што практично беше најавен исходот. До полувремето МЗТ замина со предност од 15 поени (33-48), а во третиот период разликата порасна и до максимални плус 25.

Најефикасен кај победникот беше Меквин со 23 поени, додека Гил додаде 17. Значаен придонес имаше и Андреј Магдевски со 12 поени, осум скокови и шест асистенции. Во редовите на Куманово, Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени, но тоа не беше доволно за посериозен отпор против разиграниот шампион.

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

За МЗТ ова беше 19-то куп-финале, додека Куманово по вторпат играше меч за трофејот – и повторно беше поразен токму од составот од Аеродром. Со оваа победа, МЗТ ја зацврсти позицијата на врвот на „вечната листа“ со 14 трофеи, пред Работнички кој има десет.

Куп-титулата МЗТ првпат ја освоија во 1996 година, а низ историјата по два трофеи имаат Тиквеш и Гостивар, додека по еднаш славеле Вардар, Кочани Деликатес, Карпош Соколи, Амак СП и ТФТ.



Освен Купот, МЗТ сезонава веќе го освои и Суперкупот на Македонија, а амбициите остануваат високи – двојна круна на домашната сцена и сериозен настап во АБА-2 лигата во борбата за место меѓу регионалната елита.



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!