Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во натпревар одигран во салата „Шабан Трстена“, со што дополнително се оддалечија од долниот дел на табелата, а воедно ја продолжија кризата на „црвено-белите“.

Гостите од „Градски парк“ долго време имаа контрола на резултатот и на нешто помалку од пет минути до крајот водеа со 69:62 по поените на Ефремовски. Сепак, во финишот домаќините покажаа поголема концентрација и со серија од седум поени на Тачи успеаја да се вратат во игра и да направат пресврт.

Работнички во завршницата постигна само неколку поени преку Робев и Рикиќ од линијата за слободни фрлања, додека Ефремовски со погодок намали на 74:73 на нешто повеќе од една минута до крајот.

Во последната минута двете екипи направија неколку грешки, но клучниот момент се случи на 20 секунди пред крајот кога Реџа реализираше едно од двете слободни фрлања за водство на Чаир 2030 од 75:73. Работнички имаше шанса за израмнување или победа, но обидите на Грушановиќ и Рикиќ не завршија во кошот, па домаќините се израдуваа на важниот триумф.



Најефикасен во редовите на Чаир 2030 беше Кришнан со 17 поени, додека Тачи постигна 16 поени и додаде девет асистенции и пет скока. Реџа придонесе со 14 поени и девет скока, а Билингсли запиша „дабл-дабл“ со 10 поени и 12 скока.

Кај Работнички се истакна Ефремовски со 22 поени, девет скока и три асистенции, Рикиќ имаше 14 поени и дури 21 скок, додека Грушановиќ натпреварот го заврши со 13 поени.

Со оваа победа Чаир 2030 стигна до осмиот сезонски триумф и се искачи кон средината на табелата, додека Работнички останува во долниот дел со учинок од шест победи и 11 порази.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!