Ракомет

Мулти Есенс и Текстилец со високи победи, Македонија ЃП го освои Свети Николе

Сподели
ФОТО: РК Мулти Есенс | АРХИВА
Сподели

Мулти Есенс со висока и убедлива победа ја отвори 2026 година откако со 22:46 славеше над Шампион, лесно стигајќи до трумф.

Од самиот почеток тимот од Автокоманда ја полнеше мрежата на Шампион, кој беше инфериорен да парира и да го запре барем на моменти налетот на Мулти Есенс.

Давид Јовчевски со седум погодоци беше прво име кај Шампион, додека пак кај Мулти Есенс Дарјан Ѓоќески беше прв стрелец со девет гола, а пак Јован Петрески имаше осум.

Бодовите останаа во Штип откако Текстилец со високи 37:30 славеше над Преспа. До 17-тата минута од мечот се играше егал со игра гол за гол и менување на водството, а потоа штипјани влегоа во ритам и започнаа да градат резултатска предност кога во дваесеттата минута се одлепија на плус при 12:9, но на полувреме тимот од Ресен имаше гол негатива (17:16).

Во вториот дел Преспа успеа и да дојде до водство кога резултатот беше 21:22 за гостинот. Во 42. минута беше 23:23, а потоа Текстилец дојде до 27:24, но Преспа намали на гол негатива откако направи серија од два погодоци. Клучниот момент кога се реши победникот беше 50. минута тогаш Текстилец имаше предност од плус два (28:26), па влезе во серија кога одлепи на 34:28 и тука се беше решено на четири минути до крајот за конечни 37:30.

Јован Атанасовски со осум гола беше најдобар стрелец, а по седум имаа Филип Џинес и Јован Величков. Кај тимот од Ресен се издвои Христијан Ристевски со осум гола.



Македонија ЃП со победа ја отвори 2026 година откако во Свети Николе славеше со 23:29 над Овче Поле.

Гостинот од Скопје одлично го отвори мечот со серија од 0-3 откако двапати погоди Рангелов, а еднаш Бучуковски. Сепак домашниот тим се разбуди и намали на гол разлика при 4:5, а во 22. минута и израмни на 8:8, а на полувреме имаше негатива од 10:11.

Во вториот дел во два наврати израмнување Овче Поле, а потоа Македонија ЃП започна да гради резултатска предност и на 16:22 во 44. минута одлепи на плус шест што веќе беше направена клучната разлика и до крајот само се одржуваше таа предност до конечните 23:29.

Александар Димитров со девет голови беше прв стрелец кај Овче Поле, а пак кај Македонија ЃП со 13 гола најдобар беше Михаел Тотиќ.

Мечот меѓу Кичево и Вардар Неготино не се одигра, истиот е одложен поради големи поплави кои го зафатија Кичево, а во Спортската сала се сместени загрозените семејства од поплавите.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Астибо го декласираше Пелистер – Младеновска собра 17 одбрани, Николовска го водеше Спартак до триумф над Вардар

Ракометарките на Астибо вечерва забележаа голема и важна победа над Пелистер во меч од 17. коло на Супер лигата откако со 29:17 славеа...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20, 21:25, 25:21, 25:14) против ОК Струмица Жени во градското дерби со...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо го декласираше Пелистер – Младеновска собра 17 одбрани, Николовска го водеше Спартак до триумф над Вардар

Ракометарките на Астибо вечерва забележаа голема и важна победа над Пелистер во...

Ракомет

Барселона пресилна за Еурофарм Пелистер – битолчани ја завршија сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз на гостувањето кај Барселона го завршија...

Ракомет

„Рибари“ со голема мобилизација: Охрид ќе има огромна поддршка во дербито со Алкалоид

В сабота ќе се одигра дербито меѓу третопласираниот Охрид и четвртопласираниот Алкалоид...

Ракомет

Дерби во Штип: Астибо игра против Пелистер и бара силна поддршка од трибините!

Ракометарките на Астибо во четврток играат дерби меч против Пелистер, во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!