РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Медицинскиот тим на ФФМ на престижен семинар во Минхен за професионален третман на спортисти

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претставници на медицинската и антидопинг комисија во рамки на Фудбалска федерација на Македонија учествуваше на 8-от семинар за професионален третман на спортисти, кој се одржа во Минхен, под покровителство на компанијата Arthrex.

Нашата делегација беше една од вкупно 20 делегации од Европа кои активно учествуваа на овој престижен настан.

Годинава, семинарот за првпат беше отворен и за држави кои не припаѓаат на германското говорно подрачје, што претставува дополнително признание за стручната работа и угледот на медицинските тимови на ФФМ.

Меѓу предавачите беа врвни имиња од областа на спортската медицина и рехабилитација, меѓу кои и Марк Жилет, главен медицински офицер на Premier League, Енда Кинг, раководител на одделот за развој и рехабилитација во болницата Aspetar во Доха, Катар, како и д-р Даниел Броман, шеф на спортската медицина во City Football Group.

Семинарот опфати современи методологии за третман на спортски повреди, најнови пристапи во спортската трауматологија, како и практични искуства поврзани со рехабилитација, превенција и нутритивна поддршка на професионални спортисти.

На семинарот во Минхен наши претставници беа д-р Небојша Настов, д-р Александар Милевски, како и физиотерапевтите Бојан Цаневски и Срѓан Димитриевски.

„Станува збор за исклучително квалитетен и практично ориентиран семинар, каде што има можност директно да се разменат искуства со врвни експерти од европскиот и светскиот фудбал. За нас како медицински тим е од огромно значење постојано да ги следиме најновите трендови во спортската медицина, рехабилитацијата и превенцијата на повреди. Овие знаења директно ги применуваме во работата со нашите репрезентативци, со цел да обезбедиме највисоки стандарди на грижа и подготвеност“,вели Д-р Небојша Настов, прв доктор на А репрезентацијата на Македонија.

Учеството на Здравствената и антидопинг комисијата на ФФМ на ваков настан претставува значаен чекор во континуираното унапредување на медицинските стандарди во македонскиот фудбал и потврда за посветеноста кон обезбедување врвна грижа за репрезентативците и сите национални селекции.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Поради големите поплави во Кичево одложен натпреварот со Вардар Неготино

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и...

Прва лигаФудбал

Белули: Поразот од Вардар е минута, сакам победа против Брера Струмица!

Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Играчот од средниот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Младата репрезентација на Македонија У16 ја прегази Малта со убедливи 0:5

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години оствари убедлива победа од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Омерагиќ: Во оваа група навистина треба да видиме колку вредиме

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во Б сегментот за Лига...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Објавен календарот за натпреварите од Лигата на нациите: Македонија на домашен терен ја отвора Лига Б

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот за натпреварите во новото издание на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Селекторот Газменд Хисејини: Имаме големи шанси за пласман во главната фаза

Македонската футсал репрезентација на успешен начин ги отвори подготовките за квалификациите за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!