РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Младата репрезентација на Македонија У16 ја прегази Малта со убедливи 0:5

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години оствари убедлива победа од 0:5 на гостувањето кај Малта, во натпревар во кој нашите фудбалери имаа целосна контрола од почетокот до крајот.

Македонија го отвори резултатот во 12. минута, кога Полимац одзеде топка и одлично асистираше до Емини, кој прецизно реализираше за водство од 1:0. Во 24. минута домашната селекција остана со играч помалку поради црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот врз Велески.

До крајот на првото полувреме предноста беше зголемена. Во 32. минута Велески одлично проигра до Полимац, кој погоди за 2:0, а во 40. минута повторно Полимац украде топка и му асистираше на Емини за трет погодок и водство од 3:0 на паузата.

Во второто полувреме Македонија продолжи со офанзивната игра. Крстевски се најде во добра можност во 47. минута, а само една минута подоцна повторно се закани, но голманот на Малта одбрани. Во 54. минута, по центаршут на Адеми од корнер, домашен фудбалер си постигна автогол за 4:0.

Конечните 0:5 беа поставени во 67. минута, кога Крстевски сигурно реализираше удар од белата точка. До крајот на натпреварот Македонија создаде уште неколку шанси, при што Николов во 70. минута имаше одлична можност, а Недановски во 81. минута ја погоди стативата.

Одличен настап на избраниците на селекторот Исејни, кои со доминантна игра и висока ефикасност заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен во салата „Парк“ го совладаа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!