Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со големиот талент Емир Шаботиќ

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица за пролетната полусезона се засили со големиот талент Емир Шаботиќ, кој доаѓа од школата на скопски Вардар. Шаботиќ е младинските репрезентативец на Македонија до 19 години.

Станува збор за 18-годишен везен фудбалер, кој ги има поминати сите младински категории на Вардар, а кој веќе имаше настап за радовишкиот второлигаш на пријателскиот натпревар со Кожуф во Валандово.

Тој досега ги има поминати сите младински селекции на Македонија, настапувајќи за репрезентацијата на Македонија до 17 години, до 18 години и моментално е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Стратегот Горан Здравков во ростерот добива млад и талентиран фудбалер, кој ќе биде вистинско освежување за тимот.

Низ подготовките се виде дека радовишкиот второлигаш има подобар квалитет во однос на есенскиот дел, а пролетната полусезона Детонит Плачковица ја отвара на домашен терен против Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија остана на врвот, но шампионот Вардар е на минус три, станува неизвесно во средишниот дел на табелата

Шкендија успеа да го сочува врвот од табелата по девет кола во Првата лига, откако Струга не успеа да слави над Башкими, но...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!