На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид се одигра последниот контролен натпревар за второлигашите Охрид и Новаци пред стартот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Гостите славеа со минимални 0-1, а стрелец на единствениот погодок беше Стефан Јовановски, кој прецизно реализираше удар од белата точка. Натпреварот понуди уште една најстрога казна, но овојпат за домашниот состав – Антонио Каланоски не успеа да ја искористи шансата од пенал за Охрид.
Со оваа победа Новаци ја заокружи подготовителната фаза на позитивен начин и со дополнителна самодоверба ќе влезе во пролетниот дел од шампионатот.

Пролетната полусезона во Втората лига започнува на 21 февруари. Новаци ќе гостува кај Победа во Прилеп, додека Охрид го очекува незгодно гостување во Струмица против Беласица.