КупФудбалФутсал

Форца и Јувентус Серава лесно до четвтфинале во Купот, Кеги Моби се намачи!

Сподели
ФОТО: Екипата на Јувентус Серава
Сподели

Денес беа одиграни уште три натпревари од осминафиналето од футсал Купот на Македонија. Бранителот на Куп титулата Форца со убедливи 5:0 го декласираше дебитантот Фудбал Старс од Кочани.

Двојни стрелци беа Артан Јунузи и Висар Аљији, а пак еден гол постигна Руфат Чалафи.

Шкупи го намачи Кеги Моби, но немаше сили за следна фаза откако загуби со 3:4. Гостинот од Велес на полувреме имаше два гола предност преку Димче Андов и Кирил Ивановски.

Во вториот дел Андов зголеми на 0:3, а потоа Арсим Фазлиу и Реџеп Сулејамни намалија на 2:3, што понуди возбудлива завршница Во 30. минута Марио Панев погоди за 2:4, а конечните 3:4 ги постави Бесар Алити во 39. минута.



Јувентус Серава забележа висока победа за пласман во четвртфиналето, откако славеше со 11:6 над Мал Ајакс. За домашниот тим хет-трик постигнаа Бејтула Јакупи и Фуркан Шабани, двојни стрелци беа Армандо Алијевиќ и Омер Османи, а стрелец на еден гол беше Сали Салиевски.

За гостинскиот тим двапати погодија Ангел Белчовски и Давид Тошев, а еднаш погоди Теодор Наков, додека пак Енез Јусифи си постигна автогол.

Вчера, Проект со 2:7 славеше убедливо над второлигашот Кратово за што веќе објави Спортска Мрежа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци. Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид,...

Втора лигаФудбал

Охрид остана на врвот во Втора лига, конкурентите блиску до „рибарите“, на дното без промени

По седум одиграно кола, со напомена дека од петтото коло не е одигран мечот меѓу Работнички и Брера, тимот на Охрид е на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

Фудбал

Игор Стојчевски се повлекува од судењето: Не сакам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето,...

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!