Втора лигаФудбал

Реми на Кожуф и Детонит Плачковица на генералката

Сподели
Сподели

Без победник заврши пријателскиот натпревар во Валандово меѓу Кожуф и Детонит Плачковица (1-1), во последната проверка за двата тима пред стартот на пролетната полусезона.

Гевгеличани први го отворија резултатот. Веби Ислами се запиша во листата на стрелците и донесе водство од 1-0, но радовишани брзо возвратија. Нијаз Јусуфи погоди за израмнување и ги постави конечните 1-1 уште пред заминувањето на пауза.

 

Во второто полувреме Детонит Плачковица создаде неколку изгледни можности, особено по прекини, каде што беше опасен од слободни удари, но изостана завршницата. Кожуф успеа да одолее и резултатот остана непроменет.

Сега вниманието на двата тима е насочено кон првото пролетно коло, закажано за 21 февруари. Кожуф на домашен терен ќе ја пречека Брегалница, додека Детонит Плачковица ќе се соочи со Големо Коњаре.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица загуби на „генералката“ со Септември Симитли од Бугарија

Беласица загуби на меѓународната „генералка“ од екипата на Септември Симитли со резултат...

КупФудбалФутсал

Форца и Јувентус Серава лесно до четвтфинале во Купот, Кеги Моби се намачи!

Денес беа одиграни уште три натпревари од осминафиналето од футсал Купот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Шампионот Љуботен убедлив на тестот со Тиверија Брера во Куклиш

Денес во струмичко Куклиш се одигра пријателскиот меч меѓу Тиверија Брера и...

Втора лигаФудбал

Убедлива победа на Шкендија Арачиново на „генералката“ со Тетекс

Шкендија Арачиново со успешна „генералка“ откако со убедливи 4:1 го доби Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!