Со натпреварите од 12. коло на 8 март ќе започне пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Претходно, ќе се одигра одложениот меч од последното есенско коло меѓу Хоризонт Турново и Рудар.
Инаку, во пролетниот дел од сезоната нема да продолжи со натпреварување ФК Светлост од Зрновци, за што објави Спортска Мрежа ексклузивно уште пред Нова година. Со оглед на тоа што пред стартот на сезоната не пријави учество ланскиот второлигаш Вардарски од Богданци, сезоната започна со 11 екипи, а по откажување на Светлост Зрновци ќе продолжат десет екипи, но во секое коло ќе има по две слободни екипи.
Во рамки на 12. коло или првата пролетна рунда во Делчево ќе се соочат Брегалница и Ударник, Тиверија дома ќе игра со Овче Поле, Малеш ќе биде домаќин на Рудар, а пак Хоризонт Турново ќе игра со Дојранско Езеро.
Во рамки на првото пролетно коло слободни ќе бидат екипите на Карбинци и Победа Валандово.