Трета лигаФудбал

Спортска Мрежа дознава: ФК Светлост од Зрновци згаснува – општината повторно останува без фудбал!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци нема да продолжи со натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – Исток, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Според нашите информации кои Спортска Мрежа прва и ексклузивно ги објавува, клубот донел одлука целосно да згасне, што значи дека малата рурална општина Зрновци од источниот дел на Македонија повторно ќе остане без сениорски фудбал.

Светлост беше формиран пред околу две и пол години и веднаш остави белег, откако стана шампион во Општинската фудбалска лига во Кочани и обезбеди пласман во Третата лига – Исток. Минатата сезона забележа одлични резултати сезоната ја заврши во средината од табелата.

Во есенскиот дел од актуелната сезона, Светлост беше единствениот тим без победа, со само четири освоени бодови, заврши на дното на табелата, заедно со Дојранско Езеро со по 4 бодови, додека Малеш од Берово има пет.

И покрај слабите резултати во есенскиот дел, фудбалскиот клуб Светлост значеше многу за локалната заедница. Со повторното активирање на клубот беше обновен и саниран стадионот во општина Зрновци, каде по подолг период повторно се играше фудбал. Сега, со згаснувањето на клубот, стадионот повторно ќе остане без натпревари, а општината без фудбалски претставник.

ФОТО: Светлост Зрновци

Останува отворено прашањето дали во иднина ќе дојде до ново реактивирање на Светлост или ќе се формира нов клуб што ќе ја претставува општината Зрновци. Засега, иднината на фудбалот во оваа средина е неизвесна.


Згаснувањето на Светлост ќе има влијание и врз натпреварувањето во Трета лига – Исток. Во пролетниот дел од Третата лига – Исток ќе продолжат само 10 екипи, што значи дека во секое коло ќе има по две слободни екипи. Инаку, пред почетокот на сезоната учество на пријатели ланскиот второлигаш Вардарски, клубот од Богданци експресно испадна од Втора лига, но немаше сили да продолжи со натпреварување во Трета лига – Исток, па така наместо со 12 екипи сезоната започна со 11, а во пролетниот дел ќе продолжи со десет.

Спортска Мрежа минатата сезона реализираше спортска емисија токму од стадионот во општина Зрновци, каде зборувавме за успешната фудбалска приказна на ФК Светлост, плановите беа големи, но сепак, клубот застанува тука барем засега. Спортска Мрежа во многу наврати премиерно емитуваше натпревари на ФК Светлост како на домашен, така и на гостински терен.

Со згаснувањето на ФК Светлост, македонскиот фудбал, за жал, станува посиромашен за уште еден клуб и уште една фудбалска приказна што прерано заврши.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!