Познати се службените лица за осминафиналните натпревари во ЕХФ Европскиот Куп, каде што свој европски предизвик ќе има и Охрид против Дукла Прага.
Првиот дуел ќе се одигра викендов, на 14-ти Февруари со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а правдата ќе ја делат косовските судии- браќата Генц и Гетоар Бујупи. Делегат на средбата ќе биде Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина.
Реваншот, пак, е закажан за 21-ви Февруари во 18:00 часот во спортскиот центар „Репи“ во Прага. На тој натпревар арбитри ќе бидат повторно браќа- Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан, додека улогата на делегат ќе ја има Гергељ Ватај од Унгарија.