КупФудбалФутсал

Проект со „седмица“ во Кратово – убедлива победа и пласман во четвртфиналето на Купот

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Прволигашот Проект лесно се пласираше во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија, откако на гостински терен славеше убедлива победа од 2:7 против второлигашот Кратово.

Во реновираната спортска сала во Кратово, трибините беа исполнети до последното место. Домашниот тим имаше силна поддршка од публиката, но немаше квалитет да приреди изненадување против фаворитот.

Проект поведе уште во првата минута преку искусниот Мартин Тодороски, а во 13. минута Ѓорги Коцевски зголеми на 0:2. Пред крајот на првото полувреме, Ѓорѓи Ивановски намали на 1:2 и донесе неизвесност.



Во вториот дел, Кратово преку Горан Арсовски израмни на 2:2 во 25. минута, што ја крена публиката на нозе. Сепак, радоста траеше кратко – веќе во следниот напад Наум Блажевски погоди за ново водство од 2:3.

Потоа тимот од Јосифово целосно ја презеде контролата и со офанзивна игра ја потврди разликата во квалитет. Коцевски постигна уште два гола и комплетираше хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и новото засилување Давид Ристовски и Кристијан Гавровски.

Со оваа победа, Проект стана првиот четвртфиналист во Купот и јасно ја истакна амбицијата за освојување на двојната круна. Останатите патници во четвртфиналето ќе бидат познати по комплетирањето на осминафиналната рунда, а целиот распоред веќе е објавен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!