Натпреварите од 18. коло на Првата лига ќе се играат во четири денови, односно сабота, недела, понеделник и вторник. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Колото се отвара утре со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Шкендија, кој ќе стартува во 13 часот. Овде правдата ќе ја дели Александар Грујоски, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски, Давор Цветаноски и Марјан Стојановски. Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Гоце Петрески, а оператор за повторување на снимката ќе биде Дејан Костовски.
Делегат на натпреварот ќе биде Ненад Маркоски, а пак контролор Џенан Хајдари.
Во недела на програмата ќе бидат два натпревари. Со почеток од 13 часот ќе се игра градското дерби меѓу Работнички и Вардар, а правдата ќе ја дели Игор Стојчевски, а негови асистенти ќе бидат Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак четврт судија ќе бидат Александар Василевски.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Фуркан Идризи, а пак оператор за повторување на снимката е Матеј Димитриевски. За делегат е одреден Гоце Цветановски, а пак контролор ќе биде Дејан Јакимовски.
Во 14 часот стартува мечот покрај Охридското Езеро меѓу Струга Трим Лум и Силекс, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски, а негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак четврт судија ќе биде Јован Качевски.
Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Вјолца Изеири, а оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Стојановски. За делегат е одреден Благојче Ангелевски, а контролор ќе биде Зоранчо Илиевски.
Во понеделник следуваат нови два натпревари. Од 13 часот се игра дербито од за опстанок меѓу Македонија ЃП и „фенерџијата“ Шкупи, а главен судија на овој меч ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Бранко Путилин и Дарко Видиниќ, додека пак Боби Величков ќе биде четврт судија.
ВАР судија ќе биде Благојче Ралевски, а пак АВАР судија ќе биде Владимир Митревски, а Петар Мукоски е оператор за повторување на снимката. Тихо Чурлинов е делегат, а Иса Емурли е контролор.
Од 14 часот се игра мечот меѓу Арсими и Брера Струмица, а за правдата ќе биде задолжен Александар Урошевиќ, негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Имран Абази, а пак Пларент Салихи е четврт судија.
ВАР судија ќе биде Влатко Илиоски, а пак АВАР судија е Борис Трајков, оператор за повторување на снимката е Диме Димовски.
Делегат на натпреварот ќе биде Гоце Шопоски, а за контролор на овој меч е делегиран Марјан Кировски.
Колото се затвара дури во вторник со натпреварот меѓу Башкими и Пелистер, каде Стојанче Стојанов ќе биде главен судија, а негови асистенти ќе бидат Александар Гигов и Ристо Ѓорѓиев, а пак четврт судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев.
Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски, а пак Дејан Костовски ќе биде оператор за повторување на снимката. Гоце Ефтимов е делегат, а пак контролор е Игор Ширилов.