ИнтернационалциФудбал

Тихомир Костадинов заминува од Сигма, нов играч е на Словачко!

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја напушти Сигма Оломоуц поради недоволната минутажа и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Словачко.

29-годишниот играч за врска одлучи да направи промена во својата кариера со цел да добие поголема шанса за настап и да ја врати натпреварувачката форма.

Иако си заминува од Сигма Оломоуц, Костадинов ќе продолжи да настапува во регионот и останува дел од силното чешко првенство.

Костадинов има богато интернационално искуство зад себе. Во текот на кариерата настапуваше за повеќе клубови во Словачка, Полска и Чешка, меѓу кои Банска Бистрица, Вион Злате Моравце, Ружомберок и Пјаст Гливице, додека на домашната сцена го носеше дресот на Тетекс.

Со новиот ангажман, македонскиот репрезентативец ќе се обиде повторно да фати натпреварувачки ритам и да се наметне со добри игри, што ќе биде важно и во пресрет на следните предизвици со националниот тим.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!