Ракомет

Вардар со убедлива победа над Бутел

Сподели
ФОТО: РК Вардар | АРХИВА
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со сигурни настапи во македонската Суперлига, откако во градското дерби славеа на гостувањето кај Бутел Скопје со убедливи 34-23. Со овој триумф, „црвено-црните“ ја забележаа 19. победа во сезоната и ја потврдија лидерската позиција на табелата.

Домаќинот успеа да парира само во воведните минути, кога резултатот беше израмнет и неизвесен до 5-6. Потоа, Вардар ја презеде иницијативата, ја зацврсти одбраната и со серија голови постепено се одлепи, па на паузата замина со комотна предност од осум голови (20-12).

Во вториот дел, избраниците на Иван Чупиќ целосно го контролираа ритамот на натпреварот. Веќе кон средината на полувремето разликата стана двоцифрена, а остатокот од средбата мина во мирна завршница, при што шанса добија и ракометарите од поширокиот ростер.

Јака Малус беше најрасположен во победничките редови со девет погодоци, додека значаен придонес дадоа и Марек Марчињак и Даниел Боно со по пет реализации. Кај Бутел Скопје, најпрецизен беше искусниот Димитар Георгиевски со седум голови.


Со оваа победа, Вардар цврсто останува на врвот со 38 бодови и фокусот веќе го насочува кон претстојните предизвици во домашното првенство и европските натпреварувања, додека Бутел, и покрај поразот, останува во игра за пласман во плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Поврзани написи
Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во...

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!