Ракомет

Охрид без милост против Куманово, мислите веќе насочени кон Европа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид без поголеми проблеми ја завршија домашната задача против Куманово, запишувајќи убедлив триумф од 30-14, во натпревар кој послужи како идеална увертира пред европскиот предизвик во ЕХФ Европскиот Куп.

Избраниците на Борис Ројевиќ уште од старт наметнаа силно темпо и брзо ставија до знаење во која насока ќе се движи натпреварот. По само десетина минути игра, резултатот 8-1 беше јасен показател за разликата во квалитет, а до паузата „гладијаторите“ веќе имаа комотна предност од 15-5.

Во продолжението, охридскиот стратег им даде шанса на сите ракометари од ростерот, а контролата врз играта не беше доведена во прашање. Куманово тешко создаваше закани, особено од бековските позиции, што му овозможи на домашниот тим мирно и рутински да го приведе мечот кон крај.

Со овие нови бодови, Охрид се зацврсти на второто место на табелата со 33 освоени бода, веднаш зад лидерот Вардар (38), додека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е трет со 32 бода и натпревар помалку.

По европската пресметка со Дукла Прага, охриѓани во среда, на 18 февруари, ги очекува дуел со Бутел Скопје, додека Куманово во следното коло ќе гостува кај Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!