Европско првенство 2026Ракомет

Хрватска ја совлада Швајцарија и ја вжешти трката за полуфинале на ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Хрватска остана во игра за пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство, откако во второто коло од главната фаза во Малме ја совлада селекцијата на Швајцарија со 28:24. Ова е втора победа за „коцкестите“ во вториот круг, по драматичниот триумф над Исланд, но ситуацијата во групата е максимално комплицирана.

Натпреварот започна лошо за избраниците на Дагур Сигурдсон. Швајцарија го искористи бавниот и неорганизиран старт на Хрватска и поведе со 4:0, додека првиот хрватски погодок падна дури во десеттата минута. Сепак, со текот на времето Хрватска ја стабилизираше играта, ја зацврсти одбраната и преку серија од неколку брзи голови успеа да направи пресврт. До паузата светскиот вицешампион веќе имаше предност од 13:11.

Во второто полувреме Хрватска делуваше многу посигурно и рутински ја контролираше играта. Во неколку наврати предноста достигна и пет голови разлика, а кога Швајцарците се обидоа да се вратат во мечот, „коцкестите“ одговорија со нова серија и го решија прашањето околу победникот.

Најефикасни во редовите на Хрватска беа Звонимир Срна и Иван Мартиновиќ, додека значаен придонес дадоа и Главаш и Лучин. Голманот Доминик Кузмановиќ со неколку клучни интервенции беше прогласен за играч на натпреварот. Кај Швајцарија се истакнаа Мануел Зендер и Лука Марош.


По ова коло, табелата во групата изгледа исклучително неизвесно – Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска имаат по четири бода, а само две репрезентации ќе обезбедат место во полуфиналето. Хрватска во продолжение ќе мора да брка победи против Словенија и Унгарија, но и да се надева на поволен развој на останатите резултати, бидејќи веќе не зависи целосно сама од себе.

Јасно е дека завршницата од главната фаза носи вистинска драма, а секој бод може да биде пресуден во битката за медали.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!