Европско првенство 2026Ракомет

Фантастичната Словенија ја совлада Унгарија и остана во трка за нокаут-фазата

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Словенија оствари голем и исклучително важен триумф над Унгарија со 35:32 во второто коло од главната рунда на Европското првенство, што се игра во Скандинавија. Со оваа победа, словенечката селекција ги задржа шансите за пласман во нокаут-фазата и направи значаен чекор напред во борбата за продолжување на настапите.

Иако на полувремето имаа негатива од два гола (15:17), Словенците одиграа извонредно второ полувреме и целосно ја презедоа контролата над натпреварот. Клучниот пресврт се случи во воведните минути од вториот дел, кога Унгарија постигна само два гола, а Словенија со серија прецизни напади поведе со 21:19 и повеќе не дозволи ривалот да се врати во игра.

Во првиот дел Унгарците имаа и три, па дури и четири гола предност, но избраниците на селекторот Урош Зорман успеаја да ја стабилизираат играта во финишот и да заминат на пауза со поднослива негатива. Продолжението донесе сосема поинаква слика на теренот – поагресивна одбрана, побрз напад и поголема сигурност во реализацијата.

Капитенот Блаж Јанц беше лидер на Словенија и прв стрелец на натпреварот со десет постигнати голови. Поддршка доби од Кристијан Хоржен и Сташ Слатиншек Јовичиќ, кои придонесоа со по пет погодоци, додека значаен учинок имаа и Домeн Макуц и останатите репрезентативци во клучните моменти. Кај Унгарија најрасположен беше Бенце Имре со осум гола.


Во последното коло од главната рунда, Словенија ја очекува вистински балкански дерби меч против Хрватска, во кое ќе се решаваат шансите за пласман понатаму. Унгарија, пак, ќе ги одмери силите со лидерот во групата – Шведска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!