Ракометниот клуб Струга ќе влезе во пролетниот дел од шампионатот со дополнителна сила во ростерот.
Според информации на спортскиот портал Спортска Димензија, кружниот напаѓач Дарио Симоноски ќе му се приклучи на тимот во продолжението од сезоната, во клучниот период во кој клубот ќе се бори за опстанок во Суперлигата.
Искусниот ракометар беше без ангажман во првиот дел од сезоната, а неговото враќање во матичната средина претставува значајно засилување за составот на тренерот Жарко Ферукоски, како во напаѓачките задачи, така и во дефанзивната стабилност.
Симоноски е продукт на школата на Струга, а во својата кариера има настапувано и за Охрид, Работнички и Металург Јуниор, додека последните ангажмани ги имаше во редовите на Јуниор КВ и Куманово.
Во исто време, стружани се разделија со кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и со српскиот интернационалец, голманот Александар Ѓурѓевиќ.
Струга есенскиот дел од сезоната го заврши со три победи и 15 порази, што најавува тешка и неизвесна борба за опстанок. Потсетување дека минатата сезона клубот ја задржа суперлигашката статус преку бараж-дуелот со Мулти Есенс, кој се играше во Прилеп.