Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Херојот на мечот, Костески по драматичната победа: „Сите треба да сме среќни и задоволни… оваа екипа оди напред!“

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонија славеше значајна победа против Романија (24-23) во последниот меч од групната фаза на Европското првенство. Слатка е победата извојувана со звукот на сирената, пред се заради полесниот бараж за место на СП 2027.

Нашиот национален тим ќе игра еден бараж во кој веројатно ќе биде и носител. По мечот и драматичната победа, коментар во име на тимот даде и стрелецот на победоносниот гол, Ненад Костески.

Македонија ја заврши групната фаза со победа над Романија, реми со Португалија и пораз од Данска. Само данско чудо и превисок триумф над Португалија ќе ги однесе избраниците на Лазаров во втората фаза.

„Сите ја имавме желбата и бевме спремни за овој натпревар. Го дадовме нашиот максимум и мислам дека на крајот, треба сите да сме среќни и задоволни. Имавме добро првенство- со голем бод против Португалија, која знаеме како котираше на минатото првенство. Овој меч со Романија го спремавме, исто така долго време. Се потрудивме да одиме на што поголема разлика, но не успеавме, ете ривалот се врати во игра и тоа е што е. Сите треба да сме среќни и задоволни..оваа екипа оди напред“, изјави Ненад Костески.

Со победата над Романија, Македонија ја завршува групната фаза со три освоени бода, но надежта за пласман во втората фаза зависи од резултатот на дуелот Данска – Португалија. Сепак, духот и мотивот во тимот се очигледни, а победоносниот гол на Костески ја потврдува силата на оваа екипа за следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!