Трета лигаФудбал

Големо Коњари со најголема предност, Слога Виница и Шкендија Арачиново сигурни, неизвесно во Трета лига – Запад и Југозапад!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Лидерот во Трета лига – Исток, Слога Виница го претрпе првиот сезонски пораз, но и натаму останува на врвот од табелата со 21 бод, со тоа што сега наместо пет, бодовната предност во однос на второпласираниот Овче Поле е четири, бидејќи тимот од Свети Николе ремизираше во дербито на колото против Брегалница од Делчево и на своето конто има 17 бодови.

Практично, ваквиот кикс на Слога Виница не успеа Овче Поле да го искористи.

На третото место во Истокот е тимот на Брегалница Делчев со 14 бодови, а со по 12 бодови екипите на Дојранско Езеро и Хоризонт Турново го делат четвртото место.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Лидерот во Трета лига – Југ, екипата на Големо Коњари ја зголемува бодовната залиха во однос на второпласираниот тим на табелата односно Росоман со тоа што Големо Коњари има 24 бодови, а пак Роосман кој е втор има 16 бодови, но Росоман има и меч помалку.

Во овој регион изразит фаворит како во Северот, Истокот и Западот нема, но Големо Коњари се наметнува како тим кој сака бараж за Втора лига.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Шкендија Арачиново е лидер на табелата во Трета лига – Север со 25 бодови на своето конто или четири повеќе во однос на Еуромилк ГЛ кој е втор на табелата. Фортуна е трета со 20 бодови, а пак Беса Влазими е четврта со 20 бодови.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Тетекс и Влазерими со по 22 бодови го делат првото место на табелата со тоа што „штофарите“ од Тетово имаат меч помалку во однос на Влазерими, кој лани беше шампион во Трета лига – Запад, но не го помина баражот за Втора лига.


Тетекс лани испадна од Втора лига, а во тековната сезона и двете екипи најавуваат борб за баражот и Втора лига.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:

Во Трета лига – Југозапад на врвот и понатаму е Преспа од Ресен со 19 бодови на своето конто, односно бод повеќе од Кораби од Дебар кој е втор на табелата.


Двете екипи водат борба за врвот од табелата и баражот за Втора лига, а сега сериозно во трката за првото место се вмеша и Сатеска од Волино, која има 17 бодови и се наоѓа на третото место на табелата.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Потсетување дека шампионите во Трета лига немаат право на директен влез, туку мораат да игра бараж, што значи можноста за влез во Втора лига се сведува на три екипи, или во превод некои екипи ќе извисат иако се шампиони, да останат пак во Трета лига, како лани што беше случајот со Кораби, Куманово и Влазерими.

Во баражите играат шампоните на петте региони од Трета лига и второлигашот што ќе заврши на 13-тото место на табелата во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!