Европско првенство 2026Ракомет

Германска зрелост за крај на сонот на Србија, Франција, Шпанија и Шведска во главната рунда

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Германската ракометна репрезентација покажа карактер и одговори на најдобар можен начин по поразот од Србија, совладувајќи ја Шпанија со 34-32 и ставајќи крај на надежите на „орлите“ за пласман во продолжението на Европското првенство. Во преполната „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, бундес-тимот одигра контролирано, трпеливо и далеку поконзистентно отколку во претходниот настап.

Натпреварот започна рамноправно, со силни одбрани и бавен ритам, но Германија постепено ја презеде иницијативата. Со подобра транзиција и сигурна реализација од бековската линија, избраниците на Алфред Гисласон изградија предност која ја одржуваа во поголемиот дел од мечот. Иако Шпанија неколкупати се доближи и најави пресврт, германската селекција секогаш имаше одговор, особено преку играта со кружниот напаѓач и дисциплинираната одбрана.

Во клучните моменти Германија не дозволи пад на концентрацијата, па разликата повторно се искачи на сигурни плус три до четири гола, што беше доволно за мирна завршница и големо славје пред домашната публика. Со оваа победа, Германија обезбеди пласман во главната рунда со два бода, додека Шпанија продолжува без бодови, а Србија и Австрија го завршуваат настапот на шампионатот.4


Во другите натпревари од денот, актуелниот европски првак Франција уште еднаш ја потврди својата сила. „Триколорите“ го добија дербито со Норвешка со 38-34 и како првопласирани од својата група пренесуваат два бода во следната фаза. Без поголеми проблеми до главната рунда стигна и Шведска, која рутински ја совлада Грузија со 38-29 и заедно со Хрватска ќе ја продолжи борбата за висок пласман.

Со завршувањето на првата фаза, јасно се диктираат фаворитите, а Германија со ова издание испрати силна порака дека ќе биде сериозен фактор во битката за медалите.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!