Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Арбитри од Балканот ќе ја делат правдата на решавачкиот меч Македонија – Романија

Сподели
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Клучниот дуел меѓу Македонија и Романија, кој ќе одлучува за шансите на нашата репрезентација за пласман во главната рунда, ќе биде суден од словенечката двојка Бојан Лах и Давид Сок. Станува збор за искусни европски арбитри, кои веќе делат правда и на други натпревари на континенталниот собир, меѓу кои и дуелот Австрија – Шпанија.

За делегати на натпреварот се назначени Хрватката Лидија Бојиќ Чачиќ и Израелецот Шломо Коен, додека Македонија повторно ќе има судии од регионот на еден од најважните натпревари на шампионатот.

Средбата меѓу Македонија и Романија ќе се одигра во вторник во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со почеток од 18:00 часот. На избраниците на Кирил Лазаров им е потребна победа против Романците, а паралелно ќе ги следат и случувањата на дуелот меѓу Данска и Португалија, кој може да има клучно влијание во конечниот расплет во групата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!