Ракомет

Вардар обезбеди иднина: Бобан Поповски потпиша долгогодишен договор со „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: РК Вардар 1961
Сподели

РК Вардар официјално ја потврди определбата да ја гради иднината со млади и перспективни ракометари, откако потпиша долгогодишен договор со Бобан Поповски – еден од најталентираните играчи во својата генерација, кој и покрај младата возраст веќе поседува значајно искуство и богата колекција на индивидуални и екипни успеси.

Поповски својата ракометна приказна ја започна во Преспа, а потоа следуваше важен развоен период во Алкалоид, каде настапуваше за кадетските и младинските селекции. Во актуелната сезона тој е дел од Мулти Есенс, каде има значајна улога во првата екипа во Првата лига, а истовремено е и стандарден член на младинскиот и кадетскиот состав.

На репрезентативно ниво, Поповски е кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а особено се истакна на квалификациите за кадетското Европско првенство, каде беше најдобар стрелец, потврдувајќи го својот изразен голгетерски инстинкт и лидерски карактер.

Во досегашната кариера има освоено трофеи во Пионерската и Кадетската лига, а во 2024 година беше прогласен за МВП на Пионерскиот Ф4 турнир.

Дополнително, минатата сезона беше избран во Ол-стар тимот на кадетскиот Ф4, а во својата биографија веќе има и титула во Младинската лига, што јасно го потврдува неговиот континуиран напредок.

Со ангажманот на Бобан Поповски, Вардар добива млад, амбициозен и веќе докажан ракометар, кој претставува сериозна инвестиција за иднината на „црвено-црните“ и македонскиот ракомет.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!