Останато

Владо Милев става крај на активната кариера и претседателската функција во ОК Струмица

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Владо Милев донесе одлука да се повлече од одбојката, завршувајќи ја својата активна улога и како играч и како претседател на Одбојкарскиот клуб Струмица.

Македонскиот репрезентативец и потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Милев зад себе остава богато наследство и длабока трага во македонската одбојка. Во изминатиов периодот кога го водеше ОК Струмица, клубот бележеше континуиран успех и доминација во сите категории, од младинските селекции до сениорскиот тим.

Со повлекувањето на Владо Милев завршува една значајна ера во историјата на ОК Струмица, но неговиот придонес кон клубот и македонската одбојка ќе остане трајно запаметен.

Под негово водство, клубот секоја година е шампион во сите категории – пионери, кадети, младинци и сениори, постигнувајќи континуитет на успех што е реткост во спортот. Владо го реализираше и еден од најголемите проекти во историјата на македонската одбојка – соработката со Jastrzębski Węgiel, европски и полски шампион, проект кој ретко кој клуб може да го повтори.

Благодарение на ова, младите играчи имаа можност да тренираат со врвни играчи, да видат како се игра во елитата, а тренерите на клубот добија едукација од највреднуваните тренери во светот, знаење кое веднаш го применуваа во клубот, со резултати во сите категории.

Покрај тоа што беше претседател, Владо го водеше и тимот како главен играч, привлекувајќи и поддржувајќи врвни странски играчи кои придонесоа за развојот и нивото на клубот. Со својот труд, посветеност и професионализам, Владо создаде пример за сите – играчи, тренери и млади генерации. Покрај спортските успеси, Владо ја изгради препознатливоста на клубот преку меѓународни и еразмус проекти, создавајќи систем и визија кои го поставуваат клубот на европската карта. – стои во соопштението на клубот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!