Прволигашот Тиквеш од Кавадарци формата за пролетниот дел од сезоната ќе ја темпира во Белек, Турција.
Шефот на стручниот штаб Борче Христов ја закажа прозивката за 9. јануари, кога Тиквеш официјално ќе ги „запали“ моторите за старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Формата ќе се проверува преку пријателски натпревари кои ќе се одиграат на турски тло, а каде тимот од Кавадарци ќе престојува во период од 17 до 31 јануари, по што се враќа во Македонија и ќе продолжи со подготовките пред стартот на пролетниот дел.
Од тимот засега заминува Александар Мишов, а во следниот период се очекува да пристигнат и првите засилувања.
Тиквеш со 18 бодови презимува на осмото место на табелата или во бараж зоната, а пролетниот дел го отвара против Шкупи на гостински терен.