Прва лигаФудбал

Вардар ја продолжи соработката со Димитар Тодоровски до јули 2028 година

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Вардар продолжува да ги задржува играчите во своите редови, откако потпиша договор со Димитар Тодоровски до јули 2028 година.

Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство.

На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година.

Во тековната сезона Тодоровски за најтрофејниот македонски фудбалски клуб настапи на 16 натпревари во македонскиот шампионат забележа еден гол и една асистенција, а притоа на теренот помина 711 минути, додека пак во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА настапи на сите четири натпревари.

Димитар Тодоровски во Вардар пристигна од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички од каде и ја започна својата кариера.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!