Ракомет

ГРК Охрид на 9 јануари ги „пали моторите“, на подготовки во Србија!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид на 9 јануари ќе ги започне зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Суперлигата, додека пак тимот главната фаза ќе ја реализира во Србија. Охриѓани ќе престојуваат вкупно 10 дена надвор од Македонија, со јасна цел – подготвено да го дочекаат продолжението од Суперлигата.

Од 9 до 16 јануари, тимот ќе биде сместен во Врбас, каде што покрај тренажниот процес ќе одигра и контролен пријателски натпревар. На 13 јануари 2026 година, ГРК Охрид ќе се соочи со домашната екипа на Врбас, во дуел кој ќе послужи како проверка на формата и воигрување на составот.

Веднаш по завршувањето на подготовките во Врбас, охридскиот тим предводен од српскиот стратег Борис Ројевиќ ќе се пресели во Белград, каде што на 17 и 18 јануари ќе настапи на 5. издание на меѓународниот Турнир „Вук Рогановиќ“. Во полуфиналето, ГРК Охрид ќе игра против српскиот претставник РК Динамо Панчево, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија). Во вториот ден од турнирот ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.

Во овој подготвителен период, стручниот штаб нема да може да смета на Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ, кои се дел од националните селекции на Србија и Хрватска и настапуваат на Европското првенство. Од клубот им посакуваат успешни настапи и добри резултати на репрезентативната сцена.


Во меѓувреме, ГРК Охрид беше активен и на трансфер-пазарот. Како што веќе објави Спортска Мрежа, тимот се засили со кружниот напаѓач Џанфранко Прибетиќ и со десното крило Ален Ќосевски, додека клубот се раздели со левиот бек Теимураз Орјоникидзе од Грузија.

По првиот дел од сезоната, Охрид презимува на третото место на табелата со 29 бодови, исто колку и четвртопласираниот Алкалоид. Лидер е Вардар со 34 бодови, додека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е втор со 30 бодови. Со оглед на тесната бодовна разлика, пролетниот дел од сезоната најавува жестока битка за врвот, а ГРК Охрид со сериозен пристап и квалитетни подготовки ќе се обиде да остане во трката за шампионската титула.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!