Втора лигаФудбал

Охрид во битката за Прва лига се засили со Давор Серафимов

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Есенскиот шампион во Втората лига, тимот на Охрид за пролетната полусезона во која ќе води битка за влез во Прва лига се засили со Давор Серафимов.

Станува збор за 20-годишен фудбалер кој настапува на бековски позиции, а меѓу „рибарите“ доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи.

Низ својата кариерата покрај за Шкупи има настапувано и за Вардар и Металург. Новиот „рибар“ е младински репрезентативец на Македонија со околу 20 настапи.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, Охрид се засили со Благоја Спиркоски од Кожуф, а раководството на клубот успеа да го сочува целиот тим од пролетниот дел.

Охрид е лидер во Втората лига со 36 бодови, еден повеќе од Шкендија Арачиново која е втора, а „рибарите“ пролетниот дел го отвараат во Струмица против Беласица.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!