Втора лигаФудбал

Охрид заврши важна работа во преговорите – ќе пристигнат неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Второлигашот Охрид заврши многу важна работа кога е во прашања тимот за пролетната полусезона. Целта на популарните „рибари“ е една – директен влез во Прва лига.

За да се оствари таа цел раководството на клубот изминатите денови водеше интензивни преговори и договори многу важна работа со што „рибарите“ ќе бидат во предност во однос на конкурентите.

Охрид го задржа тимот од есенската полусезона, тим кој направи големи резултати завршувајќи на првото место во есенскиот дел so 36 бодови на своето конто, еден повеќе од Шкендија Арачиново која е втора, а три повеќе од Брегалница која е трета.

Притоа, Охрид го имаше најдобриот напад со 38 погодоци, убедливо најдобар напад, а втора најдобра одбрана со примени десет погодоци, зад одбраните на Шкендија Арачиново и Брегалница кои примија по девет погодоци оваа есен.

Но, најважен момент е што Охрид го задржа тимот, играчите се задоволни од условите, од резултатите, од атмосферата, од работата во клубот, но и од управата, па така сите остануваат верни на клубот од градот покрај Охридското Езеро, иако имаше понуди за неколку играчи како Иван Глигоров и Антонио Каланоски кои беа на мета на неколку клубови. Глигоров е најдобар стрелец на Охрид, но и во Втората лига, а искуството на Каланоски е многу важно за „рибарите“ на патот кон Прва лига.


Во есенскиот дел на голот беше Дамјан Серафимов, искусен голман кој веќе сезони наназад важи за еден од најдобрите во второлигашкиот шампионат, негови замени се младите Ненад Пентелашоски и Диел Доко, во дресот на Охрид остануваат Мартин Ѓорѓиевски, Игор Јаневски, капитенот Филип Ѓоргоски, Бојан Затуроски, Албнор Каба, Ангел Крстески, Иван Глигоров, Антонио Каланоски, Ерен Парталко, Виктор Наумовски, Стојан Попоски, Наумче Бакрачевски.


Тука се и младите Енсал Рашид, Андреј Ристовски, Марко Мирчески, Леонид Кофиловски, како и Димитриј Попоски, Димитриј Димитриевски и Благојчо Буџакоски.

Како што веќе објави Спортска Мрежа прво зимско засилување е Благоја Спиркоски кој пристигна од Кожуф, фудбалер со околу 150 настапи во Првата лига.

Дополнително, според информациите на Спортска Мрежа во моментот клубот води преговори со уште двајца до тројца играчи кои би требало да го засилат Охрид за пролетните предизвици.


Зошто Охрид е во предност во однос на конкурентите? Фактот што се задржи тимот од есенската полусезона ја потврди позитивната атмосфера во тимот и задоволството на сите играчи да останат да бидат дел од тимот кој сака влез во Прва лига. Тимот зад себе има одлични резултати во есенскиот дел, а дополнително истиот добива на квалитет за пролетниот дел. Шкендија Арачиново промовираше три засилувања досега како што веќе објави Спортска Мрежа, голманот Антонио Столевски, Владимир Жоглев и Махир Ајрули, додека Брегалница засега е пасивна и нема никакви знаци од тимот, веројатно ќе се активира клубот после Нова година, додека пак Беласица води преговори за неколку засилувања, а се раздели со Анатолиј Петејчук.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!