Прва женска фудбалска лигаФудбал

Велевачкоска ќе им суди на Истатов и Речица, Јанчева оди во Струмица, Петковски ќе им суди на Скопје и Ас Јунајтед

Сподели
Сподели

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 19. коло во Првата женска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Лидерот Скопје на домашен терен ќе се соочи со Ас Јунајтед, а Никола Петковски ќе биде главен судија на овој дуел кој се игра во Пржино. Негови помошници ќе бидат Елена Соклеска Илиевски и Тамара Цветановиќ. Контролор на мечот кој ќе започне во 15:30 часот ќе биде Бурханедин Салихи.

Во Струмица ќе се одигра мечот меѓу Тиверија Брера и Вардар, а овде главен арбитар ќе биде Виолета Јанчева, асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митро, а Сашо Иванов ќе биде контролор. Мечот стартува во 12 часот.

Истатов како фаворит на домашен терен ќе игра против Речица, а Ирена Велевачкоска ќе ја дели правдата со Ангела Домазетовска и Радмила Неркова како асистенти. Горан Ангелески ќе биде контролор, а стартот е закажан за 11:30 часот.



Во Тетово ќе се игра мечот меѓу Љуботен и Кочани, а Ненад Тодоровски ќе биде главен судија. Помошници ќе бидат Александар Николоски и Цветанка Савеска, а Марјан Кировски контролор. Почетокот на натпреварот е во 15 часот.

Мечот меѓу Каменица Саса и Топ Гол ќе го суди Александра Спасова, а асистенти ќе бидат Роберт Црвенов и Дејан Стоиков. Винко Смокварски ќе биде контролор на мечот кој стартува во 13 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!