Македонската традиционална Таеквондо Федерација на 29 декември 2025 година организираше свечена предновогодишна забава, на која беа доделени престижните признанија „Best of the Best“ за најуспешните натпреварувачи и клубови во изминатата година.
Наградите им беа врачени од претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски, и националниот селектор Саша Поповски, а во поединечна конкуренција признанијата ги добија:
🥇 Владимир Димитриевиќ – прво место
🥈 Миа Танеска – второ место
🥉 Божидар Димитриевиќ – трето место
Во клупската конкуренција, најуспешен за 2025 година е Таеквон-до клубот „Hwa-Rang“ – ИТФ Лескоец (Охрид), пред „Fight Club Master“ од Охрид и „Sonkal“ од Мислешово, Струга. Следуваат клубовите „Ahilius“ од Скопје, „Ge-Baek“ од Ресен и „Chon-Ji“ од Косел.
Раководството на федерацијата упати искрени честитки до сите добитници, нагласувајќи дека резултатите се плод на посветена работа, дисциплина и континуиран развој на македонското традиционално таеквондо.
Воедно, на настанот беше официјално најавено и учеството на Македонската традиционална Таеквондо Федерација на Европското првенство, кое во април 2026 година ќе се одржи во Крит, Република Грција.

Со оптимизам и силна верба, од федерацијата очекуваат продолжување на успешната традиција и освојување нови медали, со што Македонија уште еднаш достојно ќе биде претставена на европската таеквондо сцена.