РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Комплетно обновен теренот број 1 на комплексот „Петар Милошевски“

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со сериозни инвестиции во спортската инфраструктура, а 2025 година е заокружена со уште еден значаен проект. Комплетно е обновен теренот број 1 во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во скопската населба Ново Лисиче.

На овој мини-стадион е поставена целосно нова тревна подлога, со современ систем за наводнување и нова дренажа, со што значително се подобруваат условите за тренинзи и одигрување натпревари. Проектот овозможува теренот да ги исполнува највисоките стандарди, какви што заслужуваат македонските репрезентации.

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека теренот и понатаму ќе биде достапен и за одигрување натпревари на дел од прволигашките екипи, а ќе го користат и младинските репрезентации, како и А-репрезентацијата за тренинг активности.

Со оваа инвестиција, македонскиот фудбал доби уште еден модерен терен, што е јасен сигнал дека ФФМ останува посветена на унапредување на условите за развој и напредок на фудбалот во земјава.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!