Ракомет

Мајнов: Сакаме Аеродром да биде расадник на млади играчи

Сподели
ФОТО: РК Аеродром
Сподели

Ракометниот клуб Аеродром ја заокружи есенската полусезона во Првата ракометна лига со пласман во ТОП 5 на табелата. Аеродромци собраа 14 бодови, со биланс од седум победи и шест порази, а формата во финишот беше особено охрабрувачка со четири триумфи во последните пет натпревари.

По завршувањето на полусезоната, импресиите ги сумираше претседателот на клубот, Лазо Мајнов, кој истакна дека е исклучително задоволен од досега сработеното, особено ако се земе предвид почетната ситуација во која се нашол клубот.

„Можам да кажам дека во досегашниот период морам да бидам презадоволен со оглед дека немав планови да преземам некој клуб. Кога дознав дека претходното раководство заминува веднаш почнаа преговорите. Мораше за краток период да се реорганизира клубот, но и да се формира играчки кадар.Затоа морам да бидам презадоволен од досега сработеното во првенството“, вели Мајнов.

За разлика од минатата сезона, кога Аеродром се бореше за опстанок низ плеј-аутот, годинава тимот се позиционира меѓу водечките екипи, што претставува јасен исчекор напред. Претседателот потенцира дека приоритет останува долгорочната стабилизација на клубот.

„Најбитно ми е во иднина да го застанеме клубот на здрави нозе, да се исплатат долговите и да биде финасиски стабилен. Драго ми е што една од главните задачи е остварена – враќањето на клубот во Јане Сандански каде и би требало да биде. Нема да биде лесна задача ама за Македонија да има репрезентативци и за да има македонски играчи во големите клубови и лиги мора да постојат клубови како Аеродром“, продолжи Мајнов.

Стручниот штаб на Аеродром го предводи поранешниот македонски репрезентативец Митко Стоилов, заедно со неговиот помошник, младиот стратег Мартин Бурчевски. Според раководството, насоката во која се движи тимот е вистинската.


„Тренерот Мите Стоилов и помошникот Мартин Бурчевски одлично го водат тимот ,имаат еден тим на преспективни играчи кој што верувам со тренинзите кои ги практикуваат и условите кои ги имаат резултатски само ќе напредуваме. Клубот Аеродром постои поради играчите сакаме Аеродром да биде расадник на млади играчи, најбитно ни е од играчите кои се кај нас да извадиме максимум и да направиме подобри играчи, сеедно дали ќе бидеме некое место погоре или подоле на табелата“, заврши Мајнов.

Пролетниот дел од шампионатот во Првата ракометна лига е закажан да продолжи кон средината на февруари, а во Аеродром со оптимизам го очекуваат продолжението на сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес ќе игра против Украина на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија денес го играат вториот натпревар од „Жолтиот куп“ против репрезентацијата на Украина. Овие натпревари служат како последна проверка пред настапот...

ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓукиќ со пофалби за македонската Супер Лига: „Македонците се ракометни фанатици“

Во интервју за српскиот портал MozzartSport, ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ,...

Европско првенство 2026Ракомет

ЕП 2026: Што носат „Хероите од морето“ – анализа на Португалија, ривалот на Македонија во групата Б

Португалската ракометна репрезентација, позната под прекарот „Хероите од морето“, со големи амбиции...

Европско првенство 2026Ракомет

Португалија без Еспиња на ЕП — Вардаровиот голман отпадна од списокот

Португалската репрезентација ќе настапи без голманот на Вардар, Мигел Еспиња Фереира, на...

Ракомет

Иванковиќ повторно во репрезентацијата — замена за повредениот Љевар

По контролниот натпревар со Македонија во кој Хрватска славеше со 26-23, селекторот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!